ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Исајловски потпиша на 5 години со некогашниот шампион

Исајловски потпиша на 5 години со некогашниот шампион

сподели
Виктор Исајловски е еден од оние кои летово се приклучија на вицешампионот (фото: mztskopjeaerodrom.mk)

Паралелно со формирањето на ростерот за новата сезона, управата на МЗТ Скопје Аеродром работи и на привлекување на сѐ што е најдобро во младинската кошарка кај нас, со цел да се формира база од таленти од која потоа ќе се црпат играчи за првиот тим.

За таа цел, петгодишен договор со нашиот клуб потпиша јуниорскиот репрезентативец Виктор Исајлоски (17 год, 200 см.), кој доаѓа од таборот на Феникс.

Станува збор за исклучително талентиран крилен кошаркар, кој мина низ сите репрезентативни селекции и од кого селекторот Панче Милевски очекува многу на претстојното Европско првенство (ЕП), дивизија Б, кое ќе се одржи во Скопје.

mztskopjeaerodrom.mk
Аплицирајте веднаш за

Исајловски сега влегува во друштво на останатите таленти на МЗТ Скопје Аеродром кои и тоа како тропаат на вратата на сениорскиот тим, а меѓу кои дефинитивно се уште и Лука Стојановски, Андреј Настовски, Дамјан Миса и Леонид Тодоровски. Истовремено, ќе биде големо засилување за јуниорскиот состав на МЗТ Скопје Аеродром во обидот да се дојде до шампионскиот трофеј во оваа возрасна категорија.

Тој веќе знае како е да се носи сино-белиот дрес, со оглед што како позајмен играч беше дел од нашата екипа која на почетокот од годината настапи на јуниорскиот турнир на АБА во Белград за играчи до 19 години. Исајловски ги одигра сите четири средби против повозрасните противници, реализирајќи вкупно 17 поени.

(преземено од mztskopjeaerodrom.mk)