ПОЧЕТНА Други првенства Интересно е во Океанија: Австралија победи со 163 поени разлика!!!

Интересно е во Океанија: Австралија победи со 163 поени разлика!!!

сподели

Во малата островска држава Гвам во тек е Првенството на Океанија за кошаркарки до 17 години на кое паѓаат рекорди.

Во главна улога е австралиската репрезентација која не само што ги победува, туку и ги понижува своите противници. Младите Австралијки ги победија Маршалските Острови со 166:3 (47:0, 38:0, 42:3, 39:0).

Единствените поени, Маршалските Острови ги постигнаа преку Андрике во третиот период, но не одеднаш. Првиот кош, таа го реализира на истекот на 25. минута при водство на Австралија од 104:0, а потоа погоди уште едно слободно фрлање при резултат 125:2. Статистиката веки дека Маршалските Острови погодиле 1/16 за два, 0/9 за три и 1/2 од линијата за слободни фрлања и имаат пет скока и ниедна асистенција.

Аплицирајте веднаш за

На другата страна, Австралија упати 104 шута од игра, а кошаркарките на оваа селекција имаат вкупен индекс 240. Интересно е тоа што и покрај 166. постигнати поени на репрезентацијата, ниедна кошаркарка нема повеќе од 27.

Ова не е прва ваква победа на Австралија на ова првенство бидејќи во првото коло го совлада Тахити со 163:13. За доминацијата на оваа селекција најдобро зборува тоа што групната фаза ја помина со кош-разлика 440:43.