ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Има ли јунак што ќе го симне Работнички?

Има ли јунак што ќе го симне Работнички?

сподели
Во Градски парк не признаваат ништо освен титула

По пауза од девет години, најтрофејниот македонски кошаркарски клуб влегува во новата сезона како бранител на титулата.

Иако со само еден странец во составот, Работнички повторно има тим кој може сериозно да го нападне врвот. Покрај ветераните Чековски и Мираковски, Марин Докузовски ја склопи речиси пола репрезентација затоа што на Николовски, Караџовски и Крстевски им ги донесе Јаневски и Стајиќ.

Шампионскиот поздрав во салата каде што висат најмногу банери – играчите на првакот Работнички

Остана еден од најдобрите бугарски кошаркари во моментов Чавдар Костов кој минатата сезона го доби МВП признанието од баскетбалл.мк, но најголемиот адут на Работнички секогаш е Докузовски.

Аплицирајте веднаш за

Освен тоа, речиси никој не верува дека составот што ќе ја почне, ќе ја заврши сезоната. Работнички многу пати порано го користел добро испробаниот рецепт да се засили во финишот и на тој начин да ја нападне и освои титулата.

МЗТ Скопје веќе покажа дека има тим способен за големи работи затоа што на најдобар начин стартуваше во АБА 2 лигата. Од Аеродром си замина Бојан Трајковски, но остана костурот на екипата на кој се додадени исклучително квалитетни странски кошаркари, плус репрезентативците Љубомир Младеновски и Андреј Магдевски.

Минатата сезона заврши шестгодишната доминација на МЗТ, затоа сега очекувањата се поголеми

Вицешампионот на секоја позиција има барем по двајца квалитетни играчи, а останува само да се види како ефект ќе има играњето на два фронта во првиот дел од сезоната.

Мошне интересна ќе биде борбата за другите две места кои водат во разигрувањето за титулата иако претходно екипите ќе треба да обезбедат место во Суперлигата.

Гостивар сезонава влегува со уште поголеми амбиции

Конкуренцијата е нешто посилна од лани, освен Блокотехна и Куманово, сега со големи амбиции стартуваат уште Гостивар, Кожув (единствениот македонски претставник во БИБЛ лигата) и Фени Индустри. Детали ќе одлучуваат затоа што сите овие екипи претрпеа измени, но значително се засилија пред почетокот на сезоната.

Блокотехна пак ќе биде сериозен фактор во домашното првенство (фото: КК Блокотехна)

Битката за опстанок ќе ја водат подмладениот АВ Охрид, повратникот во елитата Вардар, секогаш незгодниот на домашен терен Пелистер и Шкупи кој во последен момент обезбеди место во елитата.

Ќе биде интересно во Гевгелија бидејќи и Кожув сега е конкурентен

Минатата сезона покажа дека македонската клупска кошарка може да донесе многу возбудувања и дека неправедно е потценета и омаловажена. Со новото правило на МКФ, најмалку тројца домашни кошаркари да се во секое време на паркетот во секоја екипа, се очекува да биде уште поинтересно и понеизвесно во борбата за титулата.