ПОЧЕТНА Куп на РМ ИЛИЕВСКИ: Не може ваков противник да се победи со тројки

ИЛИЕВСКИ: Не може ваков противник да се победи со тројки

сподели
фото: mkf.mk

Кога најмалку требаше, Блокотехна ја прекина фантастичната серија од 12 победи во сите натпреварувања и го претрпе првиот пораз во 2018 година на еден официјален натпревар.

Гевгеличани загубија во полуфиналето од дебитантскиот настап во завршницата од Купот на Македонија и тоа од МЗТ Скопје кого претходно два пати го победија во првенството.

Како почнаа, многумина помислија дека ќе направат хет-трик, но еден кризен период беше доволен се да падне во вода и Блокотехна да не успее повеќе да се врати во водство.

„Ние во првата четвртина и половина од втората имавме ритам и водевме со 12 поени разлика. Бевме конкурентни околу 30 минути, но свесни сме дека не може да победиме меч со шутеви за тројка.

МЗТ имаше повеќе офанзивни скокови и воедно 16 скока повеќе од нас. Ние имавме низок процент во шутот за три поени, имавме и скок-проблем во офанзивата и тоа влијаеше на конечниот резултат.

Што се однесува до Крофорд, во првите две четвртини успеавме да го изолираме од играта со два поени. Тој е играч со одлични индивидуални квалитети, еден од двигателите на играта на МЗТ. Напротив, тој не не изненади, туку одигра како што знае“, рече тренерот на Блокотехна, Марјан Илиевски.