ПОЧЕТНА Во позадина ИЗБОРИ ВО МКФ: Game of thrones вода да им носи!

ИЗБОРИ ВО МКФ: Game of thrones вода да им носи!

сподели
фото: Trover

Трката за прв човек на МКФ е најнепредвидлива, најнеизвесна и најзаматена во ИСТОРИЈАТА на нашиот спорт. Досега, не сме имале ваква нејасна предигра, дури ни кога се решавале суштински прашања за државата.

Прво – не се знае колку кандидати ќе има за позицијата Претседател на нашата Куќа на кошарката. Перо Антиќ е сигурен, Владимир Темелковски се откажа, Петар Наумоски не се произнесе.

Владимир Темелковски – десно

Второ – нема конкретна кампања од ниту една страна.

Петар Наумоски ја стабилизира финансиски МКФ и да ја доведе во плус за прв пат во нејзиното постоење под разно-разни имиња, успеа да ја одблокира сметката, една младинска селекција (У16) влезе во А дивизијата, го лимитира бројот на странците и најверојатно тоа му се адутите со кои што ќе се кандидира, или ќе си замине од функцијата Претседател.

Перо Антиќ излезе со своја програма, која што беше позитивно оценета од сите кошаркарски работници, кои што се огласија по официјалната презентација на нашата играчка легенда. Владимир Темелковски беше најтивок во овој дел и во последен момент во 5 до 24 на денот пред Собранието, реши дека нема да го трча последниот круг.

Петар Наумоски, Ѓорѓи Чековски и Перо Антиќ.

Трето – се споменуваат други кандидати, кои што ги нема да кажат ниту А од кошаркарската абецеда, да искараат или да пофалат некого, да ни претстават нешто што би работеле ако бидат избрани, а јавноста би требало да ги знае овие моменти.

Четврто – по медиумите се пишува се и сешто, борбата за кликови трае, официјални вести нема, чаршијата бруи, карванот врви, кучињата лаат, денот помин(ув)а, сонцето зајде, времето се потроши…

Не чека пеколно попладне, во коралот, во центарот на Скопје, точно во 12:00 часот…