ПОЧЕТНА АБА Игри со писма: Олимпијакос официјално побара место во АБА лигата

Игри со писма: Олимпијакос официјално побара место во АБА лигата

сподели

По низата шпекулации, трикратниот европски првак им се обрати на сите учесници во регионалното натпреварување од кои побара место во лигата за идната сезона.

Писмото е испратено на адреса на АБА лигата, но и на 12-те клуба кои партиципираат во нејзината елита.

„Почитувани, сакаме да ве известиме дека Олимпијакос донесе одлука да учествува во АБА лигата и по овој повод бара согласност од вас. Несомнено е дека АБА лигата последните години направи големо чекори во организацијата како една од најдобрите кошаркарски натпреварувања во Европа.

Од тие причини, уверени сме дека Олимпијакос како познато име и бренд, може да го поддржи вашиот проект и да придонесе за развој на лигата“, пишува во писмото потпишано од Христос Ставропулос, генерален менаџер на Олимпијакос.

За евентуалното инкорпорирање на грчкиот клуб во јадранското натпреварување треба да се одлучува на 24-ти мај, на Собранието на лигата.