ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Игор Михајловски во Работнички, на местото на Јончевски

Игор Михајловски во Работнички, на местото на Јончевски

сподели
Игор Михајловски се враќа во кошарката по пауза од 14 месеци

Актуелниот шампион на Македонија експресно реагираше откако Марин Докузовски остана без својот прв помошник.

На оваа позиција е ангажиран поранешниот играч на Работнички, Игор Михајловски кој и се враќа на кошарката по пауза од 14 месеци. Негов последен ангажман беше оној на тренерската функција во Куманово на почетокот на минатата сезона кога ја водеше екипата во првите четири кола, а потоа си замина, како што рече, поради здравствени проблеми и на негово место дојде Александар Петровиќ, актуелниот тренер на овој тим.

Михајловски веќе почна со работа и се приклучи на тренинзите на Работнички кој се подготвува за продолжението од сезоната. Првиот натпревар шампионот го игра на 19 јануари против АВ Охрид на домашен терен.

Александар Јончевски (десно) одлучи да го напушти Градски парк и да побара нов предизвик

Игор Михајловски е поранешен македонски репрезентативец, а дресот на најтрофејниот клуб во нашата земја го носеше од 1997 до 1999 година кога освои две шампионски титули. Претходно играше и во МЗТ Скопје кога овој тим го совлада Реал Мадрид во Купот „Рајмундо Сапорта“.

Неговиот претходник Александар Јончевски пред новогодишните празници се договори со Кожув и се очекува деновиве официјално да биде претставен како тренер на гевгелискиот клуб.