ПОЧЕТНА Други лиги Игор Гацов нов тренер на Академија ФМП

Игор Гацов нов тренер на Академија ФМП

сподели

Кошаркарскиот клуб Академија ФМП го назначи Игор Гацов за прв тренер на сениорската екипа, која претстојната сезона ќе се натпреварува во Втората македонска лига.

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија во својата тренерска кариера ги водеше МЗТ Скопје, Работнички и Амак СП Охрид, а прв го препозна талентот на браќата Војдан и Дамјан Стојановски.

На тренерската функција во Академија ФМП доаѓа по долгогодишна работа како скаут во неколку европски екипи.

Аплицирајте веднаш за

Академија ФМП минатата сезона го освои четвртото место во Втората македонска кошаркарска лига. Со Гацов треба да се направи последниот чекор и тимот, конечно, да се најде во елитата.