ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ивица Димчевски е првото засилување за Гостивар

Ивица Димчевски е првото засилување за Гостивар

сподели
Прв во низата нови играчи на Гостивар

Поранешниот македонски репрезентативец Ивица Димчевски е прво засилување за новиот прволигаш Гостивар во летниот преоден рок.

Преговорите меѓу двете страни траеја речиси еден месец, но финишираа со меѓусебен договор на обострано задоволство. Димчевски се обврза на едногодишна верност и со своето искуство треба да биде еден од лидерите на тимот кој неодамна најави високи амбиции за претстојната сезона. Димчевски беше член на „златната“ генерација на македонската репрезентација која во 2011 година стигна до полуфиналето на Евробаскетот во Литванија и на крајот го освои четвртото место.

Со своето искуство треба да биде еден од лидерите на новиот прволигаш

Има 28 години и во Гостивар доаѓа од тимот на Кожув. Претходно играше и за Вардар, Торус, Куманово, Работнички и Струмица, а имаше несреќа два пати да доживее тешки повреди кои го запреа во неговиот кошаркарски развој.

Аплицирајте веднаш за

Тим менаџерот на Гостивар, Младен Ѓуроски информира дека Димчевски е прв во низата засилувања за тимот во овој период. Екипата почнува со подготовки на 16 август, а дотогаш ќе се знаат уште неколку имиња во составот што ќе го предводи поранешниот селектор Марјан Србиновски.