ПОЧЕТНА А Репрезентација Зошто не се појави Бо МекКејлеб?

Зошто не се појави Бо МекКејлеб?

сподели
Бо МекКејлеб (Wikipedia)

Македонскиот репрезентативец од нашата незаборавна одисеја на ЕП во Литванија 2011-та, кој што настапи и на олимписките квалификации во Венецуела 2012-та и на следниот европски собир во Словенија 2013-та година, не се појави на прозивката на селкторот Јорданчо Давитков.

Неофицијално дознаваме дека селекторот имал прелиминарни разговори со Бо МекКејлеб, неколку телефонски повици по кои што било заклучено дека Американецот со македонски пасош ќе се појави на првата смотра и дека, како што тој изјавил, со нетрпение чека повторно да дојде во Македонија.

Селекторот Давитков (десно) со помошниците (од лево) Јончевски, Малинков и Крстевски.

Натурализираниот македонски репрезентативец последен пат настапуваше за Гран Канарија во шпанската АЦБ лига, минатата сезона и во моментов е официјално без клуб. Настапите во националниот тим ќе му беа добредојдени, за постигнување и за одржување на играчката форма.

Аплицирајте веднаш за

Но, во последен момент, како што неофицијално дознаваме „нешто се случило“ и наводно агентот на МекКејлеб, се јавил кај нашите и им соопштил дека Бо не може да дојде и да настапува за Македонија.

Ричард хендрикс беше најдобриот поединец на првиот претквалификациски натпревар, со 21 поен и со 14 скока, во победата (66:74) на гостувањето во Словачка.

Со оглед на тоа дека нашата репрезентација почна да игра кошарка и доаѓањето, односно враќањето на Ричард Хендрикс беше полн погодок, дека ја совладавме Словачка на гости и дека остануваат „ревијалните“ натпревари со Швајцарија и домашниот со Словаците, остануваат отворени прашањата дали некој и кој влијаел, т.е. кој доби, односно кој загуби, со отсуството на Борче МекКејлебовски?

Со оглед на минатото и историјата што ги имаме со МекКејлеб, претпоставуваме дека тој ќе беше првата опција во изборот за странец, но со оглед на резултатите што сега ги дава Хендрикс и дисциплината што ја покажа со појавувањето на прозивката, а воедно и со оглед на отсуството на Теодор, тешко дека некој ќе му го земе местото на Ричи додека тој сака и може да игра за Македонија.