ПОЧЕТНА Во позадина Знаете ли колку години Станко ги корне паркетите?

Знаете ли колку години Станко ги корне паркетите?

сподели
Подготовки со Работнички, во салата „Градски парк“, сезона 2018/19.

Неговиот карактер досега е ненадминат во нашата кошарка, неговите квалитети како играч и како човек тешко дека некој може да ги достигне, во скоро време, како целина.

Како и секое живо суштество, и тој не е совршен, но неговото резултатско наследство и начинот на кој што стигна до таму каде што е, се пример што треба да го следи секој што сака да биде успешен и запаметен.

Перо Антиќ (Фенербахче) и Ѓорѓи Чековски (Работнички) на ревијалниот меч по повод 70 годишнината од раѓањето на нашиот најтрофеен колектив (30-ти септември 2016, СЦ Борис Трајковски).

Ѓорѓи Чековски е роден 1979 година, ја почна кошаркарската кариера во младинската школа на Работнички, 1997 заигра во Алумина, следната година беше преселен во најсилната конкуренција во редовите на Работнички.

Аплицирајте веднаш за

Играше во Словенија, Косово, Бугарија и Украина. Беше дел од фамозната репрезентативна генерација во Литванија 2011-та. Грците се уште ги прегледуваат снимките од  неговите три тројки по ред и поразот од земјата што не ја признаваат.

Времето на Кулите близначки во МЗТ Скопје Аеродром (2011-2014) – Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски (фото: Wikipedia).

Многумина не гледаа во него кошаркар, поради неговите неконвенционални, несекојдневни и неизбрусени движења и потези за овој спорт. Станко, со сите успеси на лично и клупско поле, го докажа спротивното.

Откровението на Марин Докузовски (кое што рака на срце почна да тренира 1993, но заигра кај Боби Митев и Панче Милевски 1994 година) ја доби шансата во првата екипа затоа што на меч на младите на Работнички против Тиквеш (каде што играше Горан Самарџиев) направи повеќе од 15 дупки во паркетот, фрлајќи се по секоја топка, а Докторот од трибината во Градски парк не можеше да остане рамнодушен.

Останатото е историја – Чековски во Македонија освои 9 титули, 6 со Работнички и 3 со МЗТ Скопје Аеродром. Има 6 Купа на РМ, три титули и 5 Купа во Бугарија, три пати беше прогласуван за МВП на шампионатот и два пати во Купот на РМ.

Чековски, десно, минатата сезона и на 37 годиншна возраст, се фрлаше по секоја топка што беше во радиусот на неговиот поглед!

Не е Мајкл Џордан или Леброн Џејмс, не е Дражен Петровиќ или Дејан Бодирога, не е Петар Наумоски или Перо Антиќ, но е калапот во кој што треба да се обидат да влезат младите кошаркари, на кои што мора да им се всади во главата дека САМО СО НАПОРНА работа, се станува кошаркар.

Се враќа времето на македонските играчи, кои што повторно ќе ја добијат шансата што ја заслужуваат. Цели 20 години, подовите, обрачите и противниците, плачат од Ѓорѓи „Станко“ Чековски. Угледајте се на него!