ПОЧЕТНА Европски првенства Златото отиде во Русија

Златото отиде во Русија

сподели

Босна и Херцеговина го оствари посакуваното, но на крајот не се израдува на титулата од Европското првенство Б-дивизија чиј домаќин беше Сараево.

Во финалниот меч славеше Русија со 83:77 откако доминираше во текот на сите 40 минути. На крајот од првото полувреме резултатот беше 48:27, но во вториот дел домаќинот успеа да намали нешто од високата негатива.

Аплицирајте веднаш за

Малцев со 20 и Евсеев со 16 поени беа најефикасни во руската репрезентација, а кај БиХ, Гобовиќ реализира 16 поени.

Двете селекции, заедно со Македонија идната година ќе настапуваат во А-дивизијата.