ПОЧЕТНА НБА ЗЕМЈОТРЕС: Лејкерс се решени да го донесат Дејвис во ЛА!

ЗЕМЈОТРЕС: Лејкерс се решени да го донесат Дејвис во ЛА!

сподели
The Bird Writes

Челниците на најгламурозната НБА франшиза ќе се обидат да ја исполнат големата желба на првата ѕвезда во тимот, Леброн Џејмс, со тоа што ќе направат се што е во нивна моќ да го донесат Ентони Дејвис како засилување за екипата, во борбата за шампионскиот прстен.

Лејкерс се спремни да испратат тројца кошаркари кај Пеликанс, во замена за нивниот предводник и прва ѕвезда таму, Ентони Дејвис. Лонзо Бол, Кентавиус Калдвел-Поуп и Брендон Инграм се играчите кои што би биле жртвувани, во обидот да се донесе Веѓата во Градот на ангелите.

Тој (25) целата своја НБА кариера ја помина во Њу Орлеанс, беше драфтуван 2012-та како прв пик, но веќе одамна ја надрасна оваа франшиза која што со моменталниот ростер што го поседува, нема поголема амбиција од борбата за плеј-офот.

Аплицирајте веднаш за

Дејвис е веќе созреан играч и е подготвен да направи чекор напред во кариерата и да заигра во ЛА Лејкерс, заедно со најдобриот играч на денешницата, Кралот Џејмс. Извори блиски до клубот велат дека тој им најавил на сопствениците дека сака да замине и покрај тоа што на почетокот на сезоната, стави потпис на нов договор вреден 113 милиони долари.

Парите, отштетата, за Лејкерс, никогаш во историјата не биле проблем…