ПОЧЕТНА АБА Звезда трепереше до последната секунда

Звезда трепереше до последната секунда

сподели

Вицешампионот во АБА лигата беше на прагот на првиот пораз оваа сезона во регионалното натпреварување.

Можеби малкумина очекуваа дека најголемите проблеми ќе ги направи тимот на Игокеа и дека во Лакташи ќе ја оствари најтесната победа во досегашните 15 кола (77:79). Босанскиот првак не и дозволи на Црвена Звезда да направи сериозна предност, највисоката ја имаше домаќинот и таа изнесуваше шест поени (43:37) во втората четвртина.

Српскиот претставник во последниот период имаше +5, но Игокеа успеа да се врати и го имаше последниот напад за израмнување или победа. Прво се обиде Радивојевиќ за тројка, а одбиената топка ја прифати Анѓушиќ кој со сирената го погоди само обрачот.

Џо Регленд со 18 поени од кои 11 во последната четвртина беше најефикасен играч во победничката екипа. Се истакнаа уште Давидовац и Оџо со по 11 поени, а тренерот на Звезда не можеше да смета на Мајк Цирбес, Били Берон и Бранко Лазиќ.

Кај Игокеа прв стрелец беше Анѓушиќ со 15 поени, Адамовиќ додаде 12 поени, а Лешиќ 11.