ПОЧЕТНА АБА Звезда си го пегла Партизан и во младинските категории

Звезда си го пегла Партизан и во младинските категории

сподели
kkcrvenazvezda

Во вечното дерби до 19 години во рамките на АБА лигата, црвено-белите беа поуспешни од градскиот ривал со 86:81 во рамките на третото коло на квалификацискиот турнир во Задар, со што се на чекор до пласман на завршниот тирнир во ова натпреварување.

Секогаш кога играат овие две екипи, без разлика во која конкуренција, мечевите се неизвесни. Пресуди серијата 10:0 за пресврт за Звезда на крајот на третата четвртина.

kkcrvenazvezda

Единствениот „странец“ во составот, црногорскиот играч Бојан Томашевиќ (203, 2001) со 27 поени, Васиќ со 22 и Поповиќ со 16 поени (5 асистенции) беа најдобри стрелци кај победникот, кој што има серија од три победи во три натпревари.

Аплицирајте веднаш за

Следниот меч (01.12.2018) Звезда го игра со Цибона, а на Партизан (1 победа и 2 пораза) му следува меч со Будуќност.