ПОЧЕТНА АБА Звезда се засили со троен освојувач на Евролигата

Звезда се засили со троен освојувач на Евролигата

сподели

Српскиот првак и вицешампион во АБА лигата го донесе петтото засилување за новата сезона.

Ова е најзвучно – во Белград доаѓа поранешниот соиграч на Перо Антиќ од Олимпијакос, Стратос Перпероглу, освојувач на три титули во Евролигата.

Последната сезона ја помина во Хапоел Ерусалим, а во кариерата играше уште за Илисијакос, Паниониос, Панатинаикос, Анадолу Ефес и Барселона.

Аплицирајте веднаш за

Освен трите трофеи во Евролигата од кои два се освени со ПАО, Перпероглу има четири титули во грчкото првенство и една тројна круна од 2009 година, исто така со “детелинките” од Атина.

Пред него, Звезда успеа да се договори со Душан Ристиќ, Мајк Цирбес, Мајкл Оџо и Били Берон, а во тек се преговори со Мухамад Фаје. Со овој играчки кадар, “црвено-белите” треба да и парираат на Цедевита во борбата за шампионската титула во АБА лигата, но и да стигнат што подалеку во Еврокупот.