ПОЧЕТНА Во позадина Звезда се жали, дека Партизан ја приватизирал Федрацијата

Звезда се жали, дека Партизан ја приватизирал Федрацијата

сподели

Актуелниот шампион на Србија во машка и женска и младинска категорија, доминантното кошаркарско друштво последниве 5 години (и во историјата) во Србија, излезе со соопштение во кое што се наведува дека ниту еден негов претставник не е повикан на церемонијата за новите дресови на селекцијата на нашиот северен сосед.

Србија се врати во сино, бојата што и донесе многу успеси во минатото, но на свеченоста немаше нину еден емисар во црвено-бело. Тоа, во редовите на најславниот српски клуб е протолкувано како, во слободен превод, организиран криминал од страна на црно-белите.

Последнава препирка е или навистина невиден преседан и пропуст на челниците на кошаркарската организација на соседот, каде што грото функционери се поранешни играчи на Партизан, или уште еден обид на Звезда, битката меѓу вечните ривали да се актуелизира во сите пори на живеењето.

Прочитајте го соопштението и проценете сами, дури не го ни преведуваме со цел да не ја смениме мислата на оној што го напишал.