ПОЧЕТНА Евролига Звезда прави тим за Евролига, првото засилување – од Реал!?

Звезда прави тим за Евролига, првото засилување – од Реал!?

сподели
фото: glas srbije info

Во тек е завршниот дел од српското првенство, но актуелниот шампион на оваа земја мора да почне со подготовки за идната сезона во која ќе се врати во Евролигата.

Дел од играчите кои ја освоија титулата, пред се странците, си заминаа од тимот и на нивно место треба да бидат донесени поквалитетни кошаркари. Можно е и враќање на некои од поранешните ѕвезди во екипата.

Шпанскиот весник Марка тврди дека Огњен Кузмиќ е пред кам-бек во тимот на Црвена Звезда каде настапуваше една сезона (2016/17). По таа натпреварувачка кампања замина во Реал, но немаше среќа бидејќи првата сезона ја пропушти поради тешка повреда (скинати лигаменти на коленото), а во втората повторно се мачи со истите проблеми.

Одигра само пет натпревари во Евролигата и седум во шпанското првенство со просек од околу 2,5 поени и 2,6 скока. По првата повреда на негово место беше донесен Валтер Таварес кој одлично се снајде и сега е еден од главните играчи на Реал.

Договорот на Кузмиќ истекува на крајот од сезоната и нема да има никакви пречки да се врати во Звезда, освен ако не се појави друг заинтересиран клуб од европската кошаркарска елита.