ПОЧЕТНА АБА Звезда повторно ја здроби Будуќност, тепачка на трибините

Звезда повторно ја здроби Будуќност, тепачка на трибините

сподели
фото: АБА лига, Будуќност ВОЛИ

Поранешниот трикратен првак со камата му се реваншира на актуелниот АБА шампион, со убедлива победа во реновираната Морача, салата што е подготвена за Евролига  во новата сезона.

Дека нешто не беше како што треба во последното АБА финале, покажаа двата натпревара на стартот на новата сезона, меѓу двата најквалитетни тима – „засилената“ црногорска екипа која што ќе игра во елитата и „послабата“ српска која што игра во УЛЕБ Купот.

Триумфот (71:87) го засенија нередите на трибините, каде што се пресметуваа навивачите, кој со кого не се знае, но според Б92 тоа бил наводно дуел на симпатизерите на двата клуба. Мечот беше прекинат на стартот на вториот период, но по неколку минути обезбедувањето ја смири(ло) ситуацијата и средбата продолжи.

фото: АБА лига, Будуќност ВОЛИ
Аплицирајте веднаш за

Перпероглу имаше 20 поени за победникот, Цирбес додаде 19, Берон 15, а Регланд 8 поени и 11 асистенции. Кај домаќините, кои што ги предводи поранешниот македонски селектор Александар Ѓикиќ, по 11 поени имаа Немања Гордиќ и Ален Омиќ (11 скока) кој што минатата сезона играше за Звезда.

По триумфот во Суперкупот на АБА лигата, пред почетокот на сезоната, ова е втора победа на Црвена звезда во дуелите со Будуќност, а доолнителна важност и дава фактот дека е остварена на гостински терен, каде што минатата сезона (3:1 во финалето) играчите на Звезда едноставно „не знаеја“ да играат кошарка.