ПОЧЕТНА АБА Звезда некако се спаси од дебакл во Загреб

Звезда некако се спаси од дебакл во Загреб

сподели
фото: aba-liga.com, Marin Susic

Лидерот во АБА лигата го доживеа првиот пораз сезонава и пропушти и математички да обезбеди предност во доигрувањето, со победа на гостувањето кај Цедевита.

Загрепската екипа одигра маестрално на двата краја од теренот, нанесувајќи му ја првата рана на тимот што не знаеше за загубен меч во регионалната лига, сезонава.

aba-liga.com

Џејкоб Пулен имаше 15 поени и беше најдобар стрелец кај домашните, 14 поени имаше Кобс, 13 постигна Крушлин, по 12 имаа Стипановиќ и Кук. Домашните имаа скоро 60% реализација од поле, а го задржаа противникот на 43%.

Огњен Добриќ имаше 17 поени и беше МВП на натпреварот, со уште 6 скока и две асистенции. Во редовите на Звезда, двоцифрени беа уште Ристиќ со 12 поени и Оџо со 10 поени.