ПОЧЕТНА АБА Звезда направи грешка со Перпероглу

Звезда направи грешка со Перпероглу

сподели

Бомбата на преодниот рок во Црвена Звезда се вика Стратос Перпероглу, 34-годишниот грчки кошаркар кој ќе биде прва ѕвезда во екипата претстојната сезона.

Српскиот првак веќе го промовираше на официјалната интернет-страница и на социјалните мрежи, но навивачите забележаа една грешка во монтираната фотографија што ја објави клубот.

На неа Перпероглу е со дрес со бројот 8 кој требаше да биде повлече од употреба уште пред пет години кога кариерата ја заврши Игор Ракочевиќ.

„Направивме таков договор што сите негови натамошни планови се врзаани со Црвена Звезда.

Заедно ќе се договориме околу тајмингот на спектакуларниот проштален натпревар и церемонија кога ќе дојде време за тоа. Игор постигна фантастични индивидуални резултати минатата сезона и благодарен сум за што поминавме заедно“, изјави Небојша Човиќ преd пет години.

Аплицирајте веднаш за

За волја на вистината, Звезда не го организираше тој проштален натпревар, а дресот со број 8 официјално не е повлечен од употреба. Дали клубот ќе преземе дополнителни мреки по ова прашање, уште никој не кажал.