ПОЧЕТНА АБА Звезда му даде два живота, Партизан не ги искористи

Звезда му даде два живота, Партизан не ги искористи

сподели
фото: Crvena zvezda mts

Црвено-белите славеа во вечното дерби во рамките на АБА лигата (70:68), но му дозволија на противникот прво отворен шут за три поени, а потоа и напад за изедначување.

Пејџ промаши тројка за гостите, потоа Риверс промаши две слободни фрлања за Звезда, а црно-белите по дефанзивниот скок не го искористија последниот напад за кој што имаа само 4 секунди и резултатот остана како конечен.

Регленд имаше 18 поени со 5 асистенции за победникот, 16 постигна Оџо кој што имаше и 9 скока. Берон имаше 12 поени, Лазиќ 10, Перпероглу 9 и Фаје 5 поени.

Кај Партизан, по 13 поени имаа Маринковиќ и Лендејл, кој што имаше и 6 скока. Јарамаз имаше 12 поени, Јанковиќ 9, Реинфро 8.

Црвена звезда има 19/1 на врвот на табелата, ја прекина низата од 4 победи во сите натпреварувања на Партизан, кој што има 13/7 на третата позиција, но и натпревар повеќе од Будуќност (13/6).