ПОЧЕТНА АБА Звезда мирно покажа кој е газда на Балканот

Звезда мирно покажа кој е газда на Балканот

сподели
фото: aba-liga.com, Partizan NIS

Црвено-белите ладнокрвно „си заминуваат“ од салата Александар Николиќ, со рутинска победа против вечниот ривал во 9-то коло од АБА лигата, со 71:77.

Домаќинот почна фуриозно, погоди пет тројки во почетните минути, но против силната индивидуално и екипно организирана Звезда, треба повеќе од среќа.

Партизан водеше по првите 10 минути со 22:15, но потоа со 19:23, 10:20 и 20:19 единствената непоразена екипа на Јадранот го задржа овој статус.

Аплицирајте веднаш за

Стратос Перпероглу (25 поени, 4/4 за 2, 5/8 за 3, 4 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки) и Џо Регланд (19 поени со 6 асистенции) беа немилосрдни, Маик Цирбес доминираше под обрачите (9 поени, 8 скока). Кај поразените, се издвои Лендејл со 18 поени и 5 скока.

Партизан останува на четири победи со пет порази во АБА лигата, односно три победи на последните 10 меча, а лидерот во регионалниот шампионат, Звезда, има 6 победи на последните 10 дуели во сите натпреварувања.

Во меѓусебните дуели, Звезда има 7:3 на последните 10 одиграни натпревари во АБА лигата и во завршниците од српските натпреварувања, кога овие две екипи се приклучуваат во конкуренција.