ПОЧЕТНА АБА Звезда и Партизан им одржаа лекции на Цедевита и Мега

Звезда и Партизан им одржаа лекции на Цедевита и Мега

сподели
фото: aba-liga.com / Crvena zvezda mts

Белградските екипи забележаа победи во рамките на шестото коло во АБА лигата – финалистот славејќи дома, а најтрофејниот на гости.

Со победата против хрватскиот претставник со 94:79, Црвена звезда остана единствената екипа со максимален учинок и е лидер на табелата.

Огњен Добриќ постигна 17 поени, а Филип Човиќ имаше 13. Бел беше најефикасен на мечот и кај Цедевита, со 19 поени.

фото: aba-liga.com, Mega Bemax, Ivica Veselinov
Аплицирајте веднаш за

Партизан прв ја начна Мега во новата сезона и тоа на нејзин терен, со 74:81 во Сремска Митровица.

Црно-белите се враќаат во ритам по доаѓањето на новиот стратег Андреа Тринкиери, а тој изјави дека не е задоволен од она што го покажале неговите кошаркари, алудирајќи на тоа дека оваа екипа има потенцијал за подобри резултати.

Крка загуби од Задар со 77:78. Остануваат уште дуелите Цибона – Морнар и Будуќност – Олимпија. Звезда води со 6/0, следува Мега со 5/1, пред Партизан и ФМП со по 3/3.