ПОЧЕТНА АБА Звезда бара помош од државата, се работи за национален интерес

Звезда бара помош од државата, се работи за национален интерес

сподели
фото: Crvena zvezda mts

Првиот човек на српскиот првак и вицепрвак на Јадранот, екипата со најдобар скор во АБА лигата сезонава, која што ќе ги одигра првите два меча (во серијата до три победи) на домашен терен во финалето против Будуќност, на средбата со новинарите изјави дека на црвено-белите им треба асистенција од државните органи.

„За нас оваа лига е важна затоа што тоа е последниот чекор во нашиот проект, во кој што имаме зацртано враќање во елитното натпреварување, како крајна цел.

Тоа не е само клупски интерес, туку мислам дека е комплетен интерес на српската кошарка, односно на Република Србија.

фото: Crvena zvezda mts

Неопходна ни е помош од државата, затоа што се соочуваме со противник што е државен проект.“ – рече на пресот, Небојша Човиќ.