ПОЧЕТНА Евролига За Фенербахче од Догуш – 45 милиони евра

За Фенербахче од Догуш – 45 милиони евра

сподели

Еден од најпознатите турски конзорциуми Догуш ја официјализираше соработката со новиот европски шампион Фенербахче и потпиша договор вреден 45 милиони евра.

Истиот е со важност од три години, а секоја сезона оваа компанија ќе покрива половина од буџетот на Фенербахче кој изнесува 30 милиони евра. Овој договор е највисок во историјата на европска кошарка, а најавува период во кој овој спорт ќе ја зголеми својата популарност по примерот на фудбалот.

Во моментов, а до крајот на актуелната сезона, Догуш го спонзорира градскиот ривал на Фенербахче, Дарушафака, но овој тим од идната сезона нема да игра во Евролигата, а со тоа згасна и интересот за соработката. Догуш е еден од трите најголеми приватни конгломерати во Турција и покрива неколку индустрии: банкарската, автомобилската, градежната, енергетската, туристичката, прехранбената и медиумската.