ПОЧЕТНА НБА За пцуење на Вестбрук – доживотна забрана

За пцуење на Вестбрук – доживотна забрана

сподели

Навивачот на Јута Џез кој вербално го нападна кошаркарот на Оклахома Сити Тандер до крајот на својот живот нема да може да влезе во Вивин Смарт Хоум арената во Солт Лејк Сити.

Раководството на франшизата му изрече доживотна забрана за следење на натпреварите на овој тим.

Расел Вестбрук не можеше да се воздржи, му врати на ист начин и од НБА доби казна од 25 илјади долари. Сепак, ѕвездата на Тандер доби поддршка од голем број свои колеги од лигата, вклучувајќи и кошаркари на Јута Џез кои се чувствуваат посрамени.

Навивачот на Јута Џез, Шејн Кејсел тврди дека не му рекол ништо на Вестбрук, туку само да си стави мраз на колената, како што секогаш го прави тоа. Играчот на Оклахома тоа поинаку го разбрал.