ПОЧЕТНА Во позадина ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ: Има и такви што се согласуваат со нас, односно...

ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ: Има и такви што се согласуваат со нас, односно што ја сфатиле поентата

сподели

Не сте во право што сте пишале дека не би отишле на натпревар на МЗТ Скопје, или нешто друго во овој контекст. Еднаш во животот треба да сфатите дека секогаш треба да навиваме за наш клуб, кој што доаѓа од оваа земја, кога игра со клуб од друга држава.“ – го почнува коменарот на ФБ, еден Македонец.

„Тоа е македонско и патриотско чувство. Се сеќавам уште во 80-тите години од минатиот век, некој ќе се пронајде во текстов, кога група навивачи на ФК Вардар тргнавме кон Ниш да го гледаме мечот на црвено-црните со Раднички.

Македонската „Фаланга“ – фото: HRS / Nebojsa Tejic

Доцна вечерта тргнавме со воз, немаше ниту едно слободно место за седење, сите навивачи спиевме по ходниците на вагонот. Стигнавме рано утрината, изнемоштени, гладни, жедни, ненаспани. Потоа пешачевме уште неколку километри.“ – продолжува тој.

Аплицирајте веднаш за

„Случајно, редарите ни кажаа дека одбојкарскиот клуб Борец игра натпревар со Железничар. Ние без размислување и без некој да ни каже или да не води, сите во еден момент решивме да влеземе во салата и да го бодриме нашиот тим.

Празниот дом на Дражен Петровиќ…

Со таа поддршка Борец победи и се спаси од испаѓање, одбојкарите на крајот ни пријдоа и ни честитаа, ни се заблагодарија и дури тогаш дознавме што се случило.

Воопшто не ни знаевме дека Борец се бори за опстанок, не знаевме ниту кое место е, ниту каква е состојбата во тогашната одбојкарска лига, важно ни беше што тоа е македонски клуб.“ – меѓу другото, вели Македонецот.

Прочитајте го целиот коментар, ако Ве интересира.

Линкот е подолу: