ПОЧЕТНА Во позадина За Звезда се тепаше со Дражен, сега Делије го навредија до срж

За Звезда се тепаше со Дражен, сега Делије го навредија до срж

сподели

Легендарниот капитен на белградската екипа, кој што цела една деценија играше во црвено-белиот кошаркарски дрес (1980-1990), изјави дека во Пионир (сега салата „Александар Николиќ“), при неговото појавување, би очекувал само аплаузи и ништо друго, без разлика на неговото потекло.

„Мислам дека би бил пречекан со овации. Се надевам дека не се лажам.

Во тоа време имаше се и сешто, се радувавме на победите, тагувавме по поразите. Во жарот на борбата и ќе се претераше, како што направивме јас и браќата Ацо и Дражен во меѓусебната тепачка.

Тоа беа други времиња и јас сум свесен за тоа, но тогаш ја засакав Звезда и ништо нема да го смени тоа чувство кај мене. И да ми свират од трибините како на Омиќ, јас пак ќе останам звездаш до крај.“

Ова се зборовите на Зуфер Авдија, кој што е роден во Приштина (1960) и за себе вели дека е Југословен.

Тој е поранешен кошаркар (крилен центар) и репрезентативец на СФР Југославија (бронза на СП 1982), сега работи како тренер во Израел.