ПОЧЕТНА Избор на уредникот ЗА ДИСКУСИЈА: Од 4 до 100 ЕВРА за „овој“ Партизан! Многу ли...

ЗА ДИСКУСИЈА: Од 4 до 100 ЕВРА за „овој“ Партизан! Многу ли е?

сподели

На пријателската средба што на 26. септември (18:45 часот) ќе ја одиграат двата европски шампиона, сегашниот Фенербахче и поранешниот Партизан, во салата „Александар Николиќ“ во Белград, билетите ќе чинат:

трибина - 500 динари (4.2 евра)
партер - 800 динари (6.7)
сина ложа - 1.000 динари (8.4)
бела ложа - 1.200 динари (10)
ВИП ложа - 1.500 динари (12.5)
крај теренот - 12.000 динари (100)

конверзија: xe.com

Од едната страна е Мута Николиќ со новата генерација на Партизан која што не им е ни до глужд на поранешните, дури и оние генерации што датираат од поблиското минато на црно-белите, последниве 10-тина години.

Аплицирајте веднаш за

Од другата страна е шампионот над сите шампиони, тренерот што 1992-та година во Истанбул ја освои единствената европска титула со Партизан, Жељко Обрадовиќ кој што изјави дека доаѓа со полн состав.

Српските медиуми (Б92) го најавија натпреварот со наслов: „Фенербахче го чека полн Пионир“ (тоа е поранешното име на салата „Александар Николиќ“). Во првите 2 дена се продадени 2.000 билети, вели истиот извор.

Во Македонија, просечната цена на кошаркарски билет изнесува НУЛА реални денари, односно НУЛА реални евра, или динари.

По осамостојувањето, кај нас се продадени помалку билети вкупно на сите натпревари овие скоро три децении, отколку што српската јавност вели дека ќе бидат продадени на еден, да не заборавиме, пријателски натпревар.

Се наметнуваат неколку прашања:

1. Дали салата ќе биде полна?
2. Дали сите ќе си платат билет?
3. Дали некој ќе се пожали на цените?
4. Колкави примања имаат Србите?
5. Колку Србите го сакаат Партизан?
6. Имаат ли Србите спортска култура?
30.09.2016. – прославата на 70. годишнината од постоењето на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, “КК Работнички“.

БОНУС ПРАШАЊЕ: Колку билети продаде нашиот великан Работнички, на пријателскиот натпревар со Фенербахче? Ама навистина колку билети беа продадени, без криење на вистинските бројки?

Кој е расположен да дебатира на оваа тема, која што е актуелна кај нас, да дискутираме на нашата FACEBOOK страница.