ПОЧЕТНА Други лиги За Втората лига пријавени 25 екипи

За Втората лига пријавени 25 екипи

сподели
Младите на Работнички веќе се билдаат за Втора лига

Огромен интерес владее за вториот степен на натпреварување во македонската клупска кошарка.

За разлика од минатата сезона, кога во него учествуваа девет екипи, сега во МКФ аплицирале 25. Меѓу нив и дел од прволигашките клубови кои ќе имаат и свои втори екипи.

Оваа бројка може да се зголеми ако Водњански лисици официјално се повлече од Првата лига поради финансиски проблеми.

Лука Стојановски и Андреј Настовски ќе бидат дел и од вториот тим на МЗТ Скопје кој ќе биде со високи амбиции
Аплицирајте веднаш за

МЗТ Скопје учествуваше и во претходната натпреварувачка кампања со вториот тим, но сега ќе учествуваат и Работнички, Куманово, Гостивар…

Во овие екипи предност ќе добијат младите, талентирани кошаркари кои се со мала минутажа во сениорските состави.

Андреј Јордановски и Андреј Деловски ја чекаат својата шанса…

Поради големиот интерес и големиот број екипи што ќе учествуваат, Втората лига ќе биде поделена на источна и западна група.

Форматот на натпреварување и начинот на влегување во повисок ранг, дополнително ќе биде одреден.