ПОЧЕТНА Избор на уредникот МАРКОВСКИ: Се радувам што по 17 години се враќам во Турција

МАРКОВСКИ: Се радувам што по 17 години се враќам во Турција

сподели
Турција стана голем предизвик за секој тренер - Заре Марковски

Поранешниот селектор на македонската репрезентација Заре Марковски е новиот тренер на Трабзон. Тој се враќа во Турција по пауза од 17 години, кога во периодот од 1998 до 2000 година ја водеше Дарушафака.

Во меѓувреме, Марковски беше тренер во Италија, Франција и во Швајцарија. Со потпишувањето на договорот со Трабзон, Марковски и се враќа на тренерската професија по пауза од две години.

„Се радувам што по пауза од скоро две децении се враќам во турското првенство. Во меѓувреме тоа стана посакувана цел за секој тренер, па така и за мене. Се надевам дека Трабзон ќе успее да направи чекор напред во својот развој и ќе стане нешто повеќе од просечен прволигаш.“ – изјави Мaрковски за basketball.mk.

Од неговиот прв ангажман во Турција, кошарката во оваа земја е драстично променета, а лигата е меѓу најсилните во Европа. Таму работат дел од најдобрите тренери, а и континенталниот првак доаѓа токму од оваа лига. Сето тоа ја прави задачата на Марковски далеку потешка, но и предизвикот е поголем.

Италија останува убав спомен

Она што јас досега го знам, е дека ростерот ќе биде сосема нов, а мораме и да го надоместиме доцниот почеток на неговата конструкција. Со оглед на тоа што имаме право да донесеме шестмина странци, се надевам дека ќе направиме солидна екипа.“ – изјави Марковски за basketball.mk.

Аплицирајте веднаш за

Претстојната сезона, македонската колонија во турското првенство, заедно со Марковски ќе ја сочинуваат капитенот на македонската репрезентација Војдан Стојановски, кој неодамна потпиша за Бујукчекмеџе и Кристијан Николов кој што игра за Истанбул.

Покрај нив, од играчите можеби ќе остане и Перо Антиќ, кој што се уште преговара со европскиот шампион Фенербахче, за продолжување на договорот. Помошен тренер на Банвит е нашиот стратег Боби Митев, а тренерот на Банвит, Сашо Филиповски има словенечки пасош, но по потекло е Македонец.

Отворен за соработка со сите македонски тренери и играчи во Турција

Марковски вели дека би сакал да соработува со сите Македонци што ќе бидат дел од турскиот шампионат, но и дека има измешани емоции кога станува збор за комуникацијата меѓу Македонците во странство.

„Возраста (57) и 27. години поминати во странство ме трансформираа во достапен за соработка со сите кои сакаат такво нешто. Од друга страна, уморен сум веќе од потрага по некогашните вредности.“ – додаде искусниот стручњак, кој што е секогаш оригинален и директен во коментарите и во изјавите.

Во Трабзон, Марковски доаѓа на местото на Сергеј Базаревич кој минатата сезона беше тренер на тимот. Под водство на рускиот стратег, тимот од брегот на Црното море заврши на 12-та позиција на табелата.