ПОЧЕТНА А Репрезентација Замрзна женската репрезентација

Замрзна женската репрезентација

сподели

Поразот од 70 поени разлика за националниот тим на Македонија во женска конкуренција во претпоследниот меч од квалификациите за Европското првенство во 2019 година.

Шведска во Скопје не победи so 48:118, дури поубедливо отколку на натпреварот на домашен терен одигран во истиот период лани.

Аплицирајте веднаш за

Епилогот можеше да се насети веќе на почетокот. Шведска почна со 0:12, ние првиот кош го постигнавме во петтата минута, а на крајот од првиот период беше 6:34 за гостинската селекција.

Александра Стојановска со 21 поен и 10 скока беше единствената наша кошаркарска која нешто се обидуваше да направи.

Поефикасна од неа беше само Фрида Елденбрик во противничкиот тим која стигна до 22 поена.

Последниот натпревар од овие квалификации нашата женска репрезентација ќе го одигра на 21 ноември на гости кај Хрватска.