ПОЧЕТНА Куп на РМ Завршницата на Купот на РМ ќе ја организира МКФ

Завршницата на Купот на РМ ќе ја организира МКФ

сподели
mkf.mk

Натпреварите за трофејот во нашето Куп натпреварување, што ќе се одиграат на завршен турнир од 16-ти до 18-ти февруари, ќе ги организира Македонската Кошаркарска Федерација.

Откако не стигнала ниту една пријава на адресата на МКФ, за лицитирање за Куп завршницата, одговорноста по автоматизам паѓа врз нашата Куќа на кошарката.

На фајнал-еит турнирот ќе се пласираат најдобрите 8 екипи на прволигашката табела во машка конкуренција, односно најдобрите 4 на табелата кај дамите ќе се пласираат на фајнал-фор турнирот во женска конкуренција.

Двата турнира ќе се играат истовремено.

Минатата година, Купот го организираа компанијата „Лимак Холдинг“ и КК Фени Индустри во Кавадарци, шампион беше екипата на Карпош Соколи.

Освојувачот на Купот, минатата година, екипата на КК Карпош Соколи (прва титула во македонската кошарка).

Претходно, 2016-та Купот се одржа во Гевгелија во организација на КК Кожув, триумфира МЗТ Скопје Аеродром. 2015-та година организатор беше МЗТ Скопје во Аеродром, триумфира Работнички.

Последен пат МКФ го организира завршниот турнир во Купот на РМ во 2014-та година, во Охрид, кога тирумфира екипата на МЗТ Скопје Аеродром.