ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Заврши сезоната за Бојиќ!

Заврши сезоната за Бојиќ!

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром, Петр Стојановски

МЗТ Скопје ќе биде драстично ослабен во најважниот дел од натпреварувачката кампања, во периодот кога треба да ја спасува сезоната со освојување на титулата во домашното првенство.

Иако постоеја надежи, Андрија Бојиќ сепак нема да се врати на терените од кои отсуствува веќе еден месец. Српскиот интернационалец се повреди на суперлигашкиот дуел против Куманово, тогаш го свитка скочниот зглоб, но при падот настрадала и неговата рака.

„Деталните прегледи покажаа дека пукнала коска и јас уште носам гипс на повреденото место. За жал, таков е спортот“, кратко изјави Бојиќ за basketball.mk.

МЗТ Скопје игра против Гостивар во полуфиналето од плеј-офот, а ќе ја има предноста на домашниот терен и во таа и во евентуалната финална серија. Добра околност за Ѓорѓи Кочов е враќањето на двајцата Американци, Медфорд и Вудард кои настапија во дербито со Работнички, во последното коло од Суперлигата.