ПОЧЕТНА НБА Заврши сезоната, Дивац го отпушти тренерот

Заврши сезоната, Дивац го отпушти тренерот

сподели

Сакраменто Кингс е првиот тим што ја раскина соработката со досегашниот тренер по завршувањето на основниот дел од сезоната во НБА лигата.

Владе Дивац го продолжи договорот на функцијата генерален менаџер на уште четири години, а негова прва одлука беше отказ за тренерот Дејв Јергер. Заедно со него си заминува и првиот асистент на Дивац, Брендон Вилијамс.

Интересно е името на можниот наследник на Јергер на тренерската позиција во Сакраменто Кингс. Тоа е прославениот италијански стручњак Еторе Месина кој во моментов му е помошник на Грег Попович во Сан Антонио Спарс.

Покрај него, меѓу кандидатите се Лук Волтон, ако си замине од Лос Анџелес Лејкерс, и поранешниот тренер на Њу Орлеанс Пеликанс, Монти Вилијамс.