ПОЧЕТНА Интернационалци Завршија сериите на Рајковиќ и Тодоров

Завршија сериите на Рајковиќ и Тодоров

сподели

За нешто помалку од два часа разлика, двете екипи предводени од македонските стручњаци претрпеа порази во своите натпреварувања.

Астана загуби на домашен терен од фаворизираниот Химки со 67:76 и прекина една долга серија која траеше речиси еден месец. Казахстанскиот тим беше во низа од три победи во ВТБ лигата или вкупно 11 ако се сметаат и натпреварите во домашното првенство.

Последна која го совлада тимот на Емил Рајковиќ беше ЦСКА Москва во првото коло од регионалното натпреварувања, на 7 октомври.

Аплицирајте веднаш за

По некомплетното петто коло од ВТБ лигата, Астана е на делба на четвртото место со Локомотив Кубан со биланс од три победи и два пораза.

Заврши серијата и на Крајова, но таа беше многу пократка. Романскиот прволигаш предводен од Александар Тодоров, а во кој игра поранешниот плејмејкер на МЗТ Скопје, Кожув и Карпош Соколи, Игор Мијајловиќ, загуби на гостувањето кај Клуж со 95:68 откако победи во првите три кола од првенството.

Сепак, за Крајова ништо не е загубено бидејќи има еден натпревар помалку (против Стеауа) и ако победи во него, ќе се израмни со Клуж на првото место на табелата.