ПОЧЕТНА А Репрезентација ЖИТИЕТО НА КАРЕВ: Дел 2, романската епизода

ЖИТИЕТО НА КАРЕВ: Дел 2, романската епизода

сподели
fiba.basketball

По(д) претходниот текст за Бојан Трајковски, бевме искарани (со невкусни зборови) од еден наш следбеник на Facebook, дека сме величале „вакви“ играчи кои што имале шут од поле 5/17 (против Косово, на гости).

Коментарот, нормално го избришавме, затоа што во тој момент го извалка она што сакавме да го доловиме. Ќе ги бришеме и останатите слични, што се без поткрепа и со лош вокабулар.

Да, имаме право да го цензурираме она што се пишува кај нас, затоа што нашата филозофија на постоење како медиум кој што се занимава со постоењето на македонската кошарка, е малку поинаква од „таквата“.

fiba.basketball
Аплицирајте веднаш за

Basketball.mk постои со цел да покаже малку поинака димензија во нашиот етер, се обидуваме да креираме вести, да создаваме фама, да правиме нешто од ништо. Во таа насока, се и текстовите (од големите познавачи т.н. статии) кои што ги објавуваме.

На споменатиот следбеник и на сите останати кои што размислуваат во „другата“ насока, ќе им кажеме дека Бојан Трајковски, а.к.а. Никола Карев, а.к.а. Леброн Џејмс, беше нашиот инспиратор на двата меча што ги одигравме во овие претквалификации.

Довербата што Јоцо Давитков му ја укажа (е сега дали има други играчи или не – тоа е небитно во контекстов) му се исплатеше нему како селектор, на Бојан како играч и на Македонија како репрезентација и во крајна линија како држава.

fiba.basketball

Трајковски врза серија од 8 поени во Приштина кога на останатите наши репрезентативци им се врзаа рацете во јазол, а.к.а. чвор, а во Скопје им нареди 21 поен на Романците (кои што летаа по теренот, „куцаа“ и „лепеа банани“) повторно во моментите кога немаше кој.

Знаете ли што се 8 поени во низа на терен жежок како тој таму, или 21 поен во меч да се биде или не? Како не, знаете…

Тоа е величината на нашиот брадест војвода, кому му порачуваме да остане свој и да дава се од себе, да го слуша селекторот и да ги почитува соиграчите, нешто што тој и го прави во овие претквалификации – се со цел да се пласираме во квалификациите и потоа на ЕП 2021.