ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Животот повторно ги спои легендите – Пеце и Божа се сретнаа во...

Животот повторно ги спои легендите – Пеце и Божа се сретнаа во Белград

сподели
Петар Наумоски (лево) и Божидар Маљковиќ (десно)

Претседателот на Српскиот Олимписки Комитет му беше домаќин на претседателот на Македонската Кошаркарска Федерација.

Некогаш, Божидар Маљковиќ диригираше, а Петар Наумоски слушаше. Сега, се зборуваше за актуелните спортски прилики на овие простори.

„Разговаравме за општата спортска ситуација на бившите Ју простори, споредбата на тоа време и денес.

Момент од натпреварите на нашите селекции, на турнирите во Белград.

Зборувавме за условите, можностите, проектите, како и за инволвираноста на државните институции во помошта при остварувањето на сите идеи.“ – изјави Наумоски за basketball.mk.

Пеце Национале е во српската престолнина, каде што нашите селекции до 15 и 16 години, играат силни пријателски натпревари на кои што треба да го стекнат неопходното искуство во оваа прва фаза од градењето на нивните репрезентативни кариери.

„Нормално, не можејќи да не ја споменеме нашата заедничка љубов, зборувавме и за работата на кошаркарските клубови.

Момент од натпреварите на нашите селекции, на турнирите во Белград.

Заклучивме дека тие се главен фактор за исправна и континуирана обука на младите кошаркари, од каде што треба да се добијат квалитетно изградените сениорски играчи.“ – рече Наумоски.

Пеце и Божа се познаваат одлично, од сезоната 89/90 во Југопластика, последната екипа во Европа што три пати по ред ја освојуваше континенталната титула.

Српскиот стратег беше тренер во својата последна сезона на клупата на тогаш двојниот европски шампион, што беше прва од двете сезони за македонскиот играч во неповторливиот дрим-тим.

„Сето она што го зборувавме лесно и брзо го „поминаме“, од прости причини што ставот и целта ни се на истата фреквенција.

Момент од натпреварите на нашите селекции, на турнирите во Белград.

Изразивме целосна меѓусебна поддршка и договоривме секаква заемна помош во иднина, во рамките на она што нашите ингеренции, особено личното почитување, ни го дозволуваат.“ – заклучи Наумоски.

Следната сезона (1990/91) патиштата им се раздвоија, но Петар Наумоски и Божидар Маљковиќ остануваат пријатели за навек.

Пеце продолжи да игра во Сплит и ја освои втората своја европска титула, трета во низа за Поп 84, а судбината сакаше тоа да се случи во финале токму против Божа и Барселона.