ПОЧЕТНА ЕВРОПА Жељко по вторпат го почувствува поразот во Турција

Жељко по вторпат го почувствува поразот во Турција

сподели
Fenerbahce BEKO

Најдобрата турска екипа последнава деценија, загуби на гостувањето кај Банвит со 83:78 по продолженијата, откако во регуларниот дел беше 66:66.

По одиграното 14-то коло, тимот на најтрофејниот европски тренер има 11 победи и 2 пораза со натпревар помалку, но сепак е на лидерската позиција на табелата.

Анадолу победи кај Истанбул со 80:93, Галата против Бујукчекмеџе со 93:85. Бешикташ славеше против Сакарија со 77:65, Пинар против Бахчешекир со 103:77, Дарушафака изненадувачки го совлада Турк Телеком со 94:87.

Fenerbahce BEKO

На местата што водат во плеј-офот, до осмата позиција, следуваат Анадолу Ефес со три порази од 13 средби, Турк Телеком, Галатасарај, Тофаш, Бешикташ, Пинар и Газијантеп.

Во следната рунда, на 12-ти јануари, Фенер игра дома со Сакарија, Турк Телеком со Банвит, Анадолу со Афијон, Газијантеп со Галатасарај, Тофаш игра дерби со Бешикташ.