ПОЧЕТНА Во позадина Жељко Обрадовиќ (се уште) е манга на терените

Жељко Обрадовиќ (се уште) е манга на терените

сподели
фото: Telegraf, Marko Todorović

Ги гледаме тренерите како им солат памет на играчите. Тоа е нивната задача, во кошаркарскиот поредок. Тренерот, треба да му кажува на играчот како да одигра, затоа што перспективата од клупата е поинаква од онаа на теренот.

Но, има една мала цака, што ги прави едните тренери големи, а другите мали. Тој еден мал момент, ги дели стратезите на оние што имаат искуство и титули и на оние што само работат како тренери.

Ова важи не само за тренерската работа, туку за секој еден сегмент од спортот и воопшто од животот.

Жоц (58, 180) погоди пет тројки во низа и (за разлика од неговиот помошник, кој што едвај погоди две) кошарката ја гледа во тродимензионална поставка, затоа што ја доживеал.

Не се случајни 9-те титули во Евролига… нели…