ПОЧЕТНА Во позадина ЖЕШКА ТЕМА: Тренерите који пцују, а има и бонус

ЖЕШКА ТЕМА: Тренерите који пцују, а има и бонус

сподели
Александар Џикиќ

Ние сме си познати по кревање прашина од ништо. Познати сме си по стручноста во сите области. Мултиспособни сме си, а си го чуваме кубурот за не-дај-Боже.

Такви сме затоа што учиме од најдобрите, а најдобрите се собрани во видеото подолу. Збирка од најдобрите тајм-аути во АБА лигата, минатата сезона.

Аплицирајте веднаш за

Од приложеното видео, може да се забележи дека прв почнува да реди нашиот поранешен селектор, Александар Џикиќ, ако не прашувате нас – кошаркарски гуру и најдобриот тренер во АБА лигата.

По-не-го продолжуваат сите, што биле и што не биле селектори. Бонусот е излагањето на најдобриот тренер во историјата на европската кошарка, според некои, во кои што се вбројуваме и ние.

Најдобар поради неговите успеси, но и поради неговата личност, токму поради она што се слуша на видеото во продолжение. Се вика Жељко Обрадовиќ.

Спортот е многу повеќе од училиште, тоа е училиште на животот, кое што се гради врз искуствата на успешните луѓе.

Да, нашите деца и сите деца на светот не треба да бидат вулгарни, но треба – пардон – МОРА да знаат дека животот е вулгарен!

Да, светот е безобразен и само безобразните преживуваат. Работава е само, кој ќе нае*е поради неговата слобода на изразување…