ПОЧЕТНА ЕВРОПА Жетвата на Жељко се уште трае

Жетвата на Жељко се уште трае

сподели

Стартегот на Фенербахче не престанува со оизвојувањето на титулите, последната му е во Купот на Турција, против екипата на Анадолу Ефес.

Фаворитот славеше со 80:70, откако во полуфиналето беше подобар од Турк Телеком со 73:65, а Ефес од Бешикташ со 78:70.

За МВП беше избран Луиџи Датоме, кој што постигна 22 поена во финалето, а имаше и 7 скока. Слукас имаше 9 асистенции.

На спротивната страна, Моерман имаше 18 поени со 8 скока, а минатогодишниот МВП Симон имаше 3 асистенции.

Анадолу водеше по првиот период со 16:20, но потоа со одличната втора четвртина и со солидната последна, 23:14 и 19:13, Фенер ја освои 6-та Куп титула.

Жељко Обрадовиќ има 10 Куп трофеи, ова му е втор (2016) со Фенербахче. Во блескавата кариера, српскиот стратег има 41-на титула.