ПОЧЕТНА Евролига Жалгирис и Макаби превртеа, Гран Канарија им покажа на манекените дека не...

Жалгирис и Макаби превртеа, Гран Канарија им покажа на манекените дека не се шегува

сподели
euroleague.net

Литванскиот претставник во Eвролига надополни 13 негатива од втората четвртина и славеше против екипата од Пиреја, со 83:75. Жалгирис има 5/6, додека Олимпијакос има 6/5.

Мариус Григонис постигна личен рекорд од 19 поени, Нејт Волтерс имаше 14 поени со 7 скока и 6 асистенции. Кај поразените, Јоргос Принтезис имаше 18 поени, од кои 16 во првото полувреме.

euroleague.net

Тренерот Виктор Гарсија забележа победа во дебито на клупата на шпанскиот дебитант во Евролига, со 86:94 на гости кај Армани во Милано. Тоа беше втора последователна гостинска победа за Гран Канарија.

Маркус Ериксон имаше личен рекорд од 17 поени за помалку од 16 минути игра, а кај поразените Мајк Џејмс беше најдобриот стрелец со 26 поени во третиот елитен пораз во низа.

euroleague.net

Макаби надополни 14 негатива за конечен триумф од 71:73, на гостувањето кај Дарушафака во Истанбул. Израелската гордост го изедначи клупскиот рекорд од 9 блокади на еден меч и стигна до триумфот со блокадата на Зусман, во последните секунди.

Макаби има 3/8, додека Дарушафака остана на 1 победа, со 10 порази од кои 9 по ред. ДиБартоломео го предводеше победникот со 13 поени, О’Брајант имаше 12 поени со 14 скока, а кај турскиот претставник се истакна Мајккл Ерик со 20 поени.

euroleague.net

Баерн во Минхен го совлада рускиот Химки со 72:65, со што се опорави од претходниот (-24) пораз од Макаби. Ѓедовиќ имаше 14 поени за домашните, a американските интернационалци Мики и Џенкинс имаа по 12 за гостите кои што играат без повредениот Швед.

Колото во елитното натпреварување ќе бид екомплетирано со мечевите Анадолу Ефес – Реал Мадрид, Басконија – ЦСКА Москва и Панатинаикос – Фенербахче.