ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЕФРЕМОВСКИ: Следниот натпревар нема да биде последен од финалето!

ЕФРЕМОВСКИ: Следниот натпревар нема да биде последен од финалето!

сподели

Бекот на Работнички ги дочека своите пет минути и покажа дека можеби заслужуваше поголем простор на теренот во текот на оваа сезона.

На вториот натпревар од финалната серија Виктор Ефремовски одигра 24 минути, постигна 10 поени со три тројки од шест шута.

„Жално беше што го загубивме Караџовски на почетокот од натпреварот. Имаме многу помал ростер од МЗТ Скопје, ама и покрај тоа успеавме да ја контролираме играта 35 минути.

Дадовме се од себе, игравме многу подобро од првиот натпреварот, но на крајот и среќата не беше на наша страна. Искрено верувам дека можеме да се вратиме и верувам дека следниот натпревар нема да биде последен во ова финале“, изјави за basketball.mk, Виктор Ефремовски.