ПОЧЕТНА ЕВРОПА Ефес се уште дише, иако му требаа дополнителни минути

Ефес се уште дише, иако му требаа дополнителни минути

сподели
фото: Anadolu Efes

Финалистот во Евролига се избори за 1:1 против Фенербахче во вториот натпревар на домашен терен, со 101:93 по дополнителните 5 минути. Финалната серија се игра до 4 победи, следните два меча се на теренот на црно-жолтите.

rezultati.com

Мициќ имаше рекорд на кариерата, 30 поени за скоро 42 минути игра. Ларкин имаше 19, а Данстон 15 поени за победникот. На другата страна, Мели имаше 22 поена, Гудуриќ додаде 18, а Диксон 17 поени.