ПОЧЕТНА Евролига Ефес продолжува да пишува историја!

Ефес продолжува да пишува историја!

сподели
euroleague.net

Откако првпат по 18 години се пласира на завршниот турнир, турскиот гигант обезбеди пласман и во мечот за титулата, првпат во своето постоење.

Анадолу Ефес ги искористи сите проблеми на локалниот ривал Фенербахче, го победи со 92:73 и ќе го очекува својот ривал во финалето. Ретки беа моментите во кои екипата на Жељко Обрадовиќ водеше, пред се во првата и втората четвртина. Се останата одеше на страната на противникот.

euroleague.net

По серијата од 10:0 во вториот период, Ефес поведе со 29:22, а во 29-тата минута имаше и 68:55. Фенербахче имаше можност во третата четвртина да фати приклучок, се доближи на четири поени негатива, но следуваше нова серија од 9:0 по која Ефес отиде на двоцифрена предност.

euroleague.net

Последните 10 минути беа само формалност, во нив „сините“ ја достигнаа највисоката разлика во своја корист, водеа со 82:61 и остана само прашањето за конечниот резултат.

euroleague.net

Ефес ја оствари победата на крилјата на Ларкин и Мициќ кои заедно постигнаа 55 поени. Американецот заврши со 30 на кои додаде по 7 скока и асистенции и оствари индекс 42. Српскиот репрезентативец постигна 25 поени.

Фенербахче во Виторија замина без Ловерњ и Датоме и нивното отсуство никој не успеа да го надополни. Јан Весели со 14 поени беше најефикасен, Грин додаде 13, а Калиниќ 12, но сите беа далеку од својот вообичаен учинок.