ПОЧЕТНА Евролига Ете зошто екипата на Обрадовиќ е најдобра по првата фаза во елитата

Ете зошто екипата на Обрадовиќ е најдобра по првата фаза во елитата

сподели
фото: Euroleague

Турскиот претставник победи и во последното коло од Евролига сезоната, со што остана непоразен на домашен терен во текот на првата фаза од натпреварувањето.

Фенербахче славеше и против Макаби, со тесни 78:75, иако од претходно го знаеше противникот во елиминациите, а тимот од Тел Авив остана без можност да влезе во Топ 8.

Гордоста на Израел дојде да се надигрува и имаше одлична вечер, но избраниците на најтрофејниот српски и европски клупски стратег не смееја да попуштат и на крајот се радуваа.