ПОЧЕТНА Избор на уредникот Емил Рајковиќ уште една година во Стал

Емил Рајковиќ уште една година во Стал

сподели

Младиот македонски стручњак Емил Рајковиќ денеска го продолжи договорот со Стал на уште една година.

Таков развој на настаните беше и очекуван откако Рајковиќ сезонава го израмни најголемиот успех во историјата на клубот освојувајќи го третото место во полското првенство. Всушност, токму по неговото доаѓање во октомври 2016 година почна ренесансата на Стал кој во меѓувреме собори неколку клупски рекорди и беше на само една победа од пласман во големото финале на полскиот плеј-оф.

“Емил Рајковиќ е вистински човек на вистинско место. Тој заврши одлична работа водејќи го нашиот тим до бронзениот медал во првенството. Преговорите воопшто не беа тешки, за мошне кратко време постигнавме договор. Рајковиќ е омилен меѓу нашите навивачи и веројатно тоа беше една од причините да одлучи да остане овде”, изјави претседателот на Стал, Павел Матушевски.

Емил Рајковиќ е еден од најтрофејните македонски тренери со три титули во домашното првенство, два национални Купа и еден трофеј во регионалната БИБЛ лига. Досега ги водеше екипите на Тоа сум јас (сегашен Карпош Соколи), Фени Индустри, Работнички и МЗТ Скопје, а пред да седне на тренерското столче во Стал, имаше искуство во полското првенство од престојот во Сласк Вроцлав. Со овој тим беше и финалист во Купот на Полска пред две години.