ПОЧЕТНА Избор на уредникот Емил Рајковиќ прогласен за најдобар тренер во Полска

Емил Рајковиќ прогласен за најдобар тренер во Полска

сподели

Реномираниот кошаркарски портал Еуробаскет го прогласи македонскиот стручњак Емил Рајковиќ за најдобар тренер во полското првенство оваа сезона.

Изборот се темели на одличните резултати на Стал по доаѓањето на Рајковиќ кој го израмни најголемиот успех во историјата на клубот со освојувањето на третото место во плеј-офот. Под водство на 38-годишниот стручњак, Стал собори и низа клупски рекорди, а во периодот од 25 јануари до 9 април беше без пораз во домашното првенство, остварувајќи притоа 12 победи во серија. Изборот за најдобар тренер во Полска е само потврда за квалитетите на Рајковиќ кој долго време беше оспоруван во нашата земја иако на 38 години може да се пофали со три титули во македонското првенство, два национални Купа и еден трофеј во БИБЛ лигата, сите освоени со Фени Индустри.

За комплетирање на успехот на Стал оваа сезона, Еуробаскет за МВП го прогласи кошаркарот на овој тим Шон Кинг.

Аплицирајте веднаш за